(ВИДЕО) Заев: Ќе ја разобличиме комплетно неправдата и ќе има правда во Македонија!

0
1490

Изјава
Зоран Заев, претседател на СДСМ

Ви благодарам на вас новинарите и на вашите медиуми што ги следите ваквите случувања во македонското правосудство и продолжете да ги следите, како што тргнала работава комплетно ќе ј

а разобличиме неправдата во Македонија и ќе дојде време на правда во нашата земја.

Денеска, како што бевте сведоци, се случи една катарза и врв на срамот во правосудството во Македонија. Златко Биковски, кој го водеше случајот Пуч, дојде да го заменува Владимир Милошевски.
Владимир Милошевски констатиравме, не е надлежен и нема надлежност да застапува вакво обвинение. Истиот тој Златко Биковски на претходното рочиште потврди дека тој има право да го застапува ваквото обвинение. Само по себе, ова претставува апсурд и контрадикторност, што само по себе го разобличува и го отвора како пупка сето она што се случува во македонското правосудство.

Ние сме тука исправени барајќи правда.

Се надеваме дека правдата ќе дојде за сите во Република Македонија!