ЈОВЧЕСКИ : ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ДЕНЕС АКТИВНО ЗЕДОА УЧЕСТВО СО ИДЕИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТ ОД 2023 ГОДИНА

0
435

✅ Општина Прилеп отворена за граѓаните!

👏 Прилепчани денес активно зедоа учество во првиот од четирите предвидени денови „Отворен ден во твојата општина, биди дел од промените што носат иднина“.

Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со граѓаните го креира буџетот за 2023 година. Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите наши сограѓани, во сите населби и Урбани заедници и сигурен сум дека голем дел од нив успешно ќе ги реализираме.

📌 ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот. Целта на овие средби е да ги слушнеме нашите сограѓани и да им излезиме во пресрет на нивните потреби, барања и предлози.

Денес во посета, а на наше огромно задоволство беше пратеникот Зоран Јованчев.

☝️Исто така денешниот отворен ден во Општина Прилеп го искористија и група на млади од Пелагонискиот регион кои што во рамките на нивната обука за „Известувачи на заедницата“ имаа прилика да ме прашуваат а јас со задоволство одговарав на нивните интересни прашања поврзани со тоа како функционира една Локална самоуправа.

👉 Утре продолжуваме од 11:00 до 14:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.