ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ИЗБОРНА КОНВЕНЦИЈА, КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ЌЕ ГО ИЗБЕРАТ ДЕЛЕГАТИТЕ

0
356

Очекувам да има кандидати кои ќе бидат и мажи и жени, па делегатите на конвенцијата нека го изберат најдоброто решение за Македонија, пред сè, а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна внатрешна процедура, преку организирање изборна конвенција на која делегатите ќе го изберат најдоброто решение за Македонија – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на кој начин партијата ќе го избере претседателскиот кандидат.

– Ние во минатото како политичка партија се покажавме дека имаме навистина широки погледи за тоа кои ќе бидат претседателските кандидати. ВМРО-ДПМНЕ има една сериозна внатрешна процедура, преку организирање на изборна конвенција, која што е статутарна одредба. Делегатите кои што произлегуваат од членството ќе го дадат своето мислење. Очекувам да има кандидати кои ќе бидат и мажи и жени, па делегатите на конвенцијата нека го изберат најдоброто решение за Македонија, пред сè, а потоа и за ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.