ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА ПОРТАЛОТ ,,ИНФОМАКС” : СОПРУГАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИНДИКАТОТ, ДАРКО ДИМОВСКИ, ЗЕМАЛА ПЛАТА А НЕ ОДЕЛА НА РАБОТА, ЛИЧЕН ШОФЕР И БИЛ СИНДИКАЛНИОТ ЛИДЕР НА ВОДОВОД!

0
2168

И омилениот синдикалец на Христијан Мицкоски е фатен со рачињата во медот дознава Инфомакс. Сопругата на претседателот на ССМ, Дарко Димовски кој најави запирање на водоснабдувањето на ниво на град Скопје земала плата, а не одела на работа  додека во улога на нејзин личен шофер бил синдикалниот лидер во Водовод.

Како што дознаваме Лила Димовска со часови отсуствувала од своето работно место и не извршувала никакви работни задачи за што постојат и докази. Не само што таа не ги исполнувала своите работни задачи и за тоа била толерирана таа ги злоупотребувала и ресурсите на претпријатието.

Имено семејството Димовски поседува правно лице Чивас ДБД Скопје пицерија Ројал, во која токму Димовска е управител, а нејинзата свекрва е сопственик.

Секое утро околу 10 часот Димовска го напуштала своето работно место и зградата на Водовод ја заменувала со пицеријата во скопско Радишани. Наместо да ги исполнува своите работни задачи како соработник за безбедност и здравје таа го развивала семејниот бизнис во Радишани.

Ова е евидентирано од ГПС уредот кој се наоѓал во службениот автомобил со кој се превезувала Димовска. Во улогата на личен шофер иако имал други задолженија во ЈП Водовод се нашол Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на ЈП „Водовод“ кој воедно е раководител на оделение за обезбедување.

Токму од службениот автомобил на Кашиковски е евидентирана локацијата на двајцата вработени во Водовод кои секојдневно отсуствувале од своите работни места.

Лила Димовска, сопругата на претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со синдикалниот лидер во Водовод, Кашиковски речиси секое утро се паркирале на Скоевска број 20 каде се наоѓа пицеријата и од ГПС уредот на автомобилот е евидентирано дека на таа локација останувале по неколку часа. Забележано е паркирањето на службеното возило и пред локалната банка во време кога се носи планиот промет во банките.

Одредени денови Димовска и Кашиковски се евидентирани дека го напуштаат претпријатието и се враќаат само за да се искуцаат на крајот од работниот ден. Одредени денови тие воопшто не се ниту евидентирани кога го напуштиле работното место, ниту дали воопшто некогаш се вратиле на работа.

Конкретно со пример на 24.09.2021 година Кашиковси и Димовска излегуваат во 11 часот и 42 минути од зградата на Водовод што е евидентирано во системот за евиденција во Водовод, а се враќаат во 15 часот и 30 минути кога завршува работното време во Водовод.

Од ГПС системот на возилото на Кашиковски е забележано дека истиот го напушта Водовод со службеното возило со регистарска табличка СК6233АК во 11 часот и 43 минути заедно со Димовска, а крајната дестинација во наредните четири часа е токму пицеријата Ројал во скопксо Радишани.

Екс директорот на Водовод фотографиран со Дарко Димовски и Стојанче Кашиковски

Ваквото однесување на Кашиковски и Димовска го толерира претходниот директор на ЈП Водовод и канализации, Душко Весковски кој воедно беше кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ. Ваквото однесување исто така го толерира и Влатко Перински кој беше поставен за  директор на Водовод по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а своевремено беше и шеф на кабинет на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Колку за илустрација на 05.01.2022 додека директор е Перински, Кашиковски и Димовска се во исто време на боледување. Иако Кашиковски е на боледување тој го користи службеното возило со регистарска табличка СК6233АК, а истото од ГПС уредот е евидентирано во пицерија Ројал, Радишани каде возилото е од 11 часот и 23 минути и останува таму паркирано во наредните час и половина.

Праксата на злоупотреба на службените ресурси, непојавување на работното место и неизвршување на работните обврски, а земање на плата за Кашиковски и Димовска завршува со доаѓањето на директорското место на Марјан Митовски кој едноставно не дозволува натаму овие двајца да ги злоупотребуваат ресурстите на претпријатието и да не ги исполнуваат своите работни задачи.

Ниту Весковски, ниту Перински не постапиле по однос на сомнително однесување на овие двајца вработени во јавното претпријатие со што дефакто го купиле мирот и обезбедиле јавна поддршка од синдикалците кои сега се главни во нападите кон градоначалничката Данела Арсовска.

Арсовска во текот на вчерашниот ден испрати порака до Димовски чија сопруга со години го злоупотребувала буџетот на Град Скопје истакнувајќи дека синдикалните организации треба да функционираат и да ги браната правата на работниците, а не правата на оние што не работат.

Арсовска исто така додаде дека во претпријатието Водовод и канализација огромен број од вработени се административци, поточно има недостаток на технички персонал, односно има луѓе кои не работат,  а земаат плата.

Оттука јасен е личниот интерес на претседателот на ССМ, Дарко Димовски чијашто сопруга сега ги има загубено сите бенефиции коишто и онака никогаш не и следувале.

Извор : Инфомакс.МК