Живко Мукаетов нов претседател на Македонско-српскиот деловен совет

0
1116

Во пресрет на одбележувањето на 95-годишнината од своето постоење, Стопанската комора на Македонија формираше Македонско-српски деловен совет, со цел развивање на трговските контакти, насочување и унапредување на извозно-увозните можности на компаниите-членки, како и интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Србија.

Во рамки на конститутивната седница, за претседател на Македонско-српскиот деловен совет со четиригодишен мандат, беше назначен Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов.

Кога за прв пат ми беше презентирана идејата за една ваква асоцијација, истата ми изгледаше од една страна прилично амбициозно, но од друга страна, навистина беше потребно здружување во платформа од овој вид. За ‘Алкалоид’, Република Србија е еден од главните стратешки извозни пазари, пред сé поради близината, врските помеѓу двете земји, културолошките сличности и традицијата. Во Република Србија, ‘Алкалоид’ е присутен повеќе од 70 години. Преку успешното работење на компанијата на овој пазар, најнапред преку 4 регионални центри: во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Сад; дојдовме до денешната фаза на оперативен производен погон и над 100 вработени. Тој пат, ние во ‘Алкалоид’ го изодевме сами.

За постигнување подобри резултати, на компаниите им е потребно здружување и разни форми на синергија. Овој совет, како асоцијација на стопанските комори, ќе биде еден вид логистичка поддршка за компаниите од двете земји и ќе работи на помагање и унапредување на трговската размена, а со самото тоа и на промовирање на економската соработка меѓу Македонија и соседна Србија“ – истакна Мукаетов во своето обраќање по конститутивната седница на Советот.

jkxfhsdgjkahgjksd