ЈАПОНСКИОТ ПРЕМИЕР СУГА Е ПРЕД ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА, ВЛАДЕАЧКАТА ПАРТИЈА ЛДП ЌЕ БИРА НОВ ЛИДЕР И ПРЕМИЕР: РЕЈТИНГОТ МУ Е КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАДИ 1,5 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА ДОСЕГА, БАВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ОДРЖУВАЊЕТО НА ЛОИ ТОКИО 2020

0
779

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека нема да се кандидира за лидер на внатрепартиските избори во владеачката Либерално-демократска партија.

Премиерот Суга дојде на функцијата пред само една година, откако оставка поради здравствени причини си поднесе Шинзо Абе. Изјавата на јапонскиот премиер следи откако неговиот рејтинг се намали на рекордно ниско ниво.

Јапонија е се’ уште во вонредна состојба и сега се бори со најлошиот бран на коронавирусот досега. Досега се евидентирани над 1,5 милиони случаи на заразени, се спроведува бавна вакцинација и критиките на јавноста се веќе неиздржливи.

Одлуката за прифаќање на организацијата на Летните олимписките игри оваа година и покрај влошената пандемија беше крајно непопуларна кај Јапонците.

Во соопштението на ЛДП се вели дека премиерот Суга нема да се кандидира за лидер на партијата и ќе се сконцентрира на натамошната борба против Ковид-19.

Владеачката ЛДП треба да одржи избори на 29-ти септември, на кои ќе избере нов лидер. Победникот на внатрепартиските избори ќе стане и нов премиер на Јапонија бидејќи ЛДП има парламентарно мнозинство.