Човек кој ни помогна во најтешките моменти беше Љупчо Николовски кој заедно со Венко Филипче помогнаа нашата ќерка да се лекува во Германија каде се заврши успешно!

0
812

За повеќе од вас 13 јуни е обичен ден. Но во моето семејство остави длабока лузна. Точно пред две години ни се случи голема несреќа. Нашата сакана ќерка Ивана беше во бесознание, сите бевме избезумени и стравувавме за најлошото.

Но кој сака нека каже, има многу добрина во некои луѓе. Јас чувствувам потреба да им се заблагодарам зошто во вакво време на омраза и кавги, сметам дека мора да зборуваме и за помошта и љубовта која некој некогаш ни ја дал. Има и добри луѓе!

Човек кој ни помогна во најтешките моменти беше Ljupcho Nikolovski. Не сослуша и ни даде надеж. Направи работи кои луѓе ни велеа дека не се можни и ги направи веднаш. Тој и министерот Венко Филипче беа постојано со нас давајќи ни поддршка, а лекувањето на нашата мила ќерка благодарение на нивната ангажираност под итно продолжи во Германија каде се се заврши успешно.

Ама за она што го направи моето семејство ќе е вечно благодарно.
Две години после тој црн 13 јуни сакам само да му кажам #БлагодарамЉупчо. Остани човек каков што си. Нема такви, а како општество ни се потребни повеќе од било кога.

Фејсбук статус на Константин Стојановски.