ВМРО-ДПМНЕ Е ПРОТИВ 27.000 НАСТАВНИЦИ, БЛОКИРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ СО ТЕНЗИИ ВО СОБРАНИЕ

0
622
ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ со своето срамно и дрско однесување повторно ја блокираше постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.
ВМРО-ДПМНЕ спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисока плата, спречува трансформација на работниот однос на над 4700 наставници.
ВМРО-ДПМНЕ цела година спречува соодветно вреднување на трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.
Ова покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.
СДСМ и коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните.
Наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати.