БОМБА ОД БИХАЧКА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР И ТОЈ ЌЕ БИДЕ ЧЛЕН НА СДСМ, НО НЕ СЕГА, СЕГА ПРЕМИЕР ЌЕ БИДЕ ЗОРАН ЗАЕВ И ЗА ТОА НЕМА НИ ДА ПРЕГОВАРАМЕ

0
1231

Од извори во СДСМ побаравме изјава, став за упорноста на ДУИ по прашањето премиерот да бил Албанец па дури се согласуваат тоа да бил и предлог на СДСМ, нема да инсистираат по секоја цена тоа да биде Насер Зибери. Од таму за Мактел велат:

– Земјава веројатно ќе има и премиер Албанец и големи се шансите тоа да биде член на СДСМ, ние немаме ништо против тоа, ако некоја партија покажала дека нема ништо против Албанците тоа е СДСМ, ние имаме наши потпретседатели кои се Албанци, ние имаме пратеници и министри кои се Албанци и се членови на СДСМ. Самиот факт дека поддравме за прв пат Албанец спикер на собранието која е трета по ред позиција по политичка моќ во земјава после претседателот и премиерот покажува дека ние не сме оптеретени со Албанофобија или национализам. Но овој пат премиер е Зоран Заев и за тоа нема ни да се преговара, тоа е како факт за кој нема ниту логика ниту пак е достојно да се преговара, ДУИ може да зборува за тоа до утре сабајле но и тие и сите во земјава знаат кој  ќе биде премиер, тоа народот го реши на 15-ти јули. Заев ќе беше премиер дури и да беше нерешено со пратеници со ВМРО ДПМНЕ, до таму е СДСМ во предност како последица на своите про западни про ЕУ и про НАТО политики и до толку е ВМРО ДПМНЕ во неповолна ситуација поради своите луди ветувања за укинување на Рамковен и Преспански, стопирање на преговорите како дел договорот со Бугарија, таква партија нема шанси да биде во влада во 2020-та година, тоа ниту една албанска партија не може да си го дозволи освен ако не сака политички да се самоубие! И тоа го знаат и во ДУИ и во Алијанса и во Алтернатива, го знаат и малите деца што малку знаат политика. Ова е до толку јасно што нашиот лидер замина на одмор затоа што е спокоен по ова прашање.

Добро е штом на Бихачка владее ваков став, значи добро ја владеат ситуацијата и не паѓаат на блефовите на ДУИ.