ПОЛИТИЧКА ШИЗОФРЕНИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ, ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: ЦАРОВСКА НИ ГИ УНИШТУВА ДЕЦАТА СО УКИНУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ, А ЗАЕВ НИ ГИ УНИШТУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА МАРИХУАНА

0
1401

Организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член на Централниот комитет, Орце Ѓорѓиевски беше гостин во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа каде што лицемерно лееше крокодилски солзи за потенцијалната легализација на индустриско производство на марихуаната за медицински и рекреативни цели како и за дигитализацијата на образованието како проекти на власта на СДСМ. Директно го обвини премиерот Заев дека бизнисот со марихуана бил негова агенда од која што влече директен ќар и дека нема никакви други проекти од државна важност и за доброто на сите граѓани. Ѓорѓиевски шизофрено се повикуваше на некакви демохристијански вредности кои што биле директно спротивни кон овие политики на власта. Но никако не успеавме да ги видиме тие квазидемохристијански вредности на дело, на пример при организација на демохристијански геј оргии на Халкидики или пак на егзотични острови ко Сејшелите, со црнци. За овие вморонски испади, постоеја аудио снимки, но многу веројатно е дека има и видео снимки кои што целосно можат да го разбијат лажното парадирање на ВМРО-ДПМНЕ со семејните вредности, многудетноста, религиозните начела итн.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ форсира теза дека министерката Царовска намерно укинува печатени учебници бидејќи тие биле наследен успешен проект од екс режимот со кој што морало неминовно да се расчисти. Притоа во студиото се лееја крокодилски солзи дека голем број семејства немале доволно лаптопи и таблети за да би можеле да се учи само од дигитализирани верзии, па потоа дека имало и семејства кои што биле исклучувани од системот за електрична енергија поради финансиски проблеми, па дека децата би биле премногу озрачени од поминување часови пред компјутерските екрани и сл.

Ѓорѓиевски обвини и дека во Македонија поради СДСМ, постојат граѓани од прв, втор и трет ред. Тврдеше дека обични граѓани не можат да си завршат работи во општини или институции без да трошат денови или пак без да потплатат. Го обвини и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски дека само оние кои што можеле да стапат во директен контакт со него или со неколку негови блиски луѓе, немало шанси да се заврши обична потреба на граѓаните во неговата општина. Исто така тврдеше дека неговиот градоначалник бил многу корумпиран, бидејќи наводно граѓани се жалеле дека често пати требале да платат и мито до 50 евра пред да ја отворат вратата од канцеларијата на Темелковски. Обвини дека во општина Кисела Вода, градоначалникот има вработено и многуброен партиски кадар на СДСМ за кој што се плаќа годишно над 500 илјади евра за плати. Покрај тоа, Темелковски можел само уште да закрпи некоја дупка на локалните патишта и да искоси некој тревник и толку било од проектите на СДСМ. Затоа Кисела Вода била во хаос. Конкретно рече дека во Расадник владеел урбан хаос и згора на тоа, градоначалникот Темелковски бил решен да дозволи изградба на 110-катници поради лукративни мотиви.

Потоа Ѓорѓиевски наметна неколку дилеми во врска со издавањето лажни пасоши изминативе неколку години. Го спомна опасниот криминалец Седат Пекер кој што порано бил депортиран во Косово место во Турција, а потоа по само 4 дена влегол во Македонија, отишол до полициска станица во Драчево каде што му бил издаден валиден македонски пасош. И за сево ова, ја обвини Владата на Заев и министерот Спасовски затоа што наводно биле вмешани во издавањето на пасоши на разни балкански наркобосови и крупни криминалци.