ШКРИЈЕЉ : НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДЕСТРУКЦИИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА СПРЕЧАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

0
700

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денес пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат уште една шанса да работат во интерес на граѓаните, да ги прекинат блокадите и срамното однесување и конечно да се вклучат во процесите кои значат подобар живот и подобар стандард за сите

Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година гокочат предлог законот за наставници и стручни соработнци, а вчера видовме дека се подготвени да применат и физичко насилство само за овие измени да не бидат усвоени.

Јавно ги поставуваме овие прашања

1. Дали пратениците на ВМРО се против зголемување и континуиран раст на платите на над 27000 наставници и стручни соработници во основното и средното образование?

2. Дали пратениците од ВМРО се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време наместо како што се научени да ги држат во неизвесност и да ги злоупотребуваат нивните гласови кога тоа име потребно

3. Дали пратениците на ВМРО се против наставниците да добиваат додаток за работа во ридско планински регион, за одделенско, односно класно раководство, за работа со комбинирана паралелка и слично

4. Или можеби се против овозможување на континуиран професионален и кариерен развој на наставниците

5. И последно зошто им пречи на пратениците на ВРМО можноста наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување? Само за потсетување тоа се меѓу останатите и наставнците кои предаваат јазик и култура на Ромите, Бошњаците, Србите и Турците.

Срамното, дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, на штета на образовниот систем.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на наставниците.

Нема да дозволиме деструкциите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да успеат.

Ќе сториме се, овие измени на законот да бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници ќе има трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование.