ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ СЕ МОЛЕШЕ ЗА МУВИТЕ, ОСИТЕ И МИЦКОСКИ

0
657

Агатангел ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „најголемата и најсветата партија“ и рече дека верува во помош од Бога и Богородица за Мицкоски да го врати она што е свето и македонско

Мицкоски рече дека говорот на владиката бил достоинствен, а министерот Милески кажа оти Агатангел е срам за црквата и народот.

За владиката Агатангел, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и тој верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Ова владиката го кажа во својот говор на настанот за закројување на лозјата што денеска се организираше во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун – Денот на лозарите.

Агатангел имаше само пофални зборови и за градоначалникот Митко Јанчев, а ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „најголемата и најсветата партијата“.