БОЧВАРСКИ СО ОДЛИЧНА ВЕСТ : ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – РАДОВИШ ВРЕДЕН 60 МИЛИОНИ ЕВРА Е ПРВ ПАТ ВО НАШАТА 30 ГОДИШНА ИСТОРИЈА ДА ЗАВРШИМЕ ПАТ 4 МЕСЕЦИ ПРЕД РОКОТ!

0
913

– За прв пат во нашатра 30 годишна историја имаме пат кој е завршен 4 месеци пред рокот. Честитки за избведувачот Штрабаг АГ но и за сите вкличени во проектот.

Благој Бочварски, министер за транспорт во емисијата ВИН ВИН на Телма.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми рече дека вкупната вредност на двете фази е околу 60 милиони евра.

„Со техничките квалитети на експресниот пат, со по една коловозна и помошна лента, и со широчина од 11,4 метри, тој претставува основа за можен иден автопат. Максималната брзина на движење на возилата е 110 километри на час. Оваа прва фаза од експресниот пат А4 во време на пандемија е комплетно завршена во предвидениот рок од 3 години. Изградена е согласно со важечките прописи и стандарди со издвоена вкупна вредност од 45 милиони евра. Заради подобро поврзување со блиските населени места, на експресниот пат изведени се вкупно 40 објекти за премостување, односно 4 клучки согласно со највисоките стандарди, 7 надпатници и подпатници, 11 мостови и вијадукти, и сето ова за полесен пристап на граѓаните до и од експресниот пат. По целата должина на патот има заштитна жичена ограда за побезеден сообраќај“, изјави директорот Рустеми.