ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА УСМРТИ 24 ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА СИНОЌА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН КАЈ СИТИ МОЛ

0
545

Дваесет и двегодишното момче кој вчера прегази 24-годишна девојка кај Сити мол, е приведен во полициска станица.

Од МВР информираат дека на возачот земени му се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи.

Како што соопшти МВР во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22), кратко ни одговорија од МВР додека се уште се врши увид на лице место.

Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

-Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место, рекоа од МВР.