НИКОВСКИ ШИРИ ЕВРОПСКИ ДЕФЕТИЗАМ И ПЕСИМИЗАМ: ЏАБЕ ЗАЕВ СЕ ОТКАЖА ОД МАКЕДОНИЗМОТ КОГА НЕМА ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ НИТУ ЗА 20 ГОДИНИ

0
1258

Поранешниот амбасадор, Ристо Никовски гостуваше во дебатата “Само вистина” во која што најмногу коментираше за лошите европерспективи на Македонија. Најмногу се задржа на поранешни проценки од претседателот на Франција, Макрон според кој не требала ЕУ натаму да се проширува поради слабата поддршка на тој процес од француската јавност. Наводно поради тоа било и француското инсистирање за промена на методологијата на преговарање со цел де факто да се одложи реалното пристапување кон ЕУ за најмалку 20 години.

Како лош пример за преговарање со ЕУ ја наведе Црна Гора која што беше кандидат за членство 8 години, а веќе 9 години преговара и на крај уште таа може да влезе поради геополитички причини. Во случајот со Македонија, рече дека и утре да се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ, нема да станеме членка ниту за 20 години.