КОВАЧЕВСКИ : КОГО ЛАЖЕ ВМРО-ДПМНЕ, НАРОДОТ ИЛИ СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ НА КОИ ИМ ВЕТУВААТ УСТАВНИ ИЗМЕНИ?!

0
357

Кога сме ја формирале државата сме донеле одлука дека ваа земја ќе стане членка на ЕУ и НАТО, обврската пред граѓаните политичарите ја земаа уште кога гласаа за влез на Македонија во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ денес е против зачленување на Македонија во ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски кој на денешната прес-конференција ја запраша опозициската партија кого лаже, народот или амбасадите на кои им ветува уставни измени.

– Тие одат во амбасади, викаат дајте ни власт, ќе ни дадете простор да се аклиматизираме и после ќе го смениме уставот. Можат да демантираат ама тоа го зборуваат, кого лажат е прашањето. Ги лажат граѓаните или ги лажат странските амбасади?Македонските граѓани ја идентификуваат ЕУ како најзначаен партнер на државата. Лидерството е да донесете одлука за иднината на сегашните и идните генерации, а не да се криете позади народот. ВМРО-ДПМНЕ се крие позади народот и едно зборуваат по амбасади, друго пред народот, вели Ковачевски.