МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА СЕ РЕШЕНИ, ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА: ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НЕ РАЗГОВАРАЛ СО АХМЕТИ ЗА БИЛО КАКВА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИТЕ СИМБОЛИ И ХИМНАТА

0
280

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со Зоран Заев е разговарано за промена на знамето, грбот или химната на државата по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека се разговарало и за химната, за грбот и за знамето.

Од кабинетот на премиерот велат: “Во изјавата на Ахмети не забележавме дека било разговарано со премиерот Заев или со кој било друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат.”

Ахмети изјави дека го поддржа Заев за да се внесат и Бугарите во Уставот. Премиерот Заев во Софија изјави дека Бугарите и другите малцинства може да бидат внесени во Уставот кога тој ќе се отвори пред самиот влез на Северна Македонија во ЕУ.