КУЗЕВСКА : СДСМ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДЕСТРУКТИВНОСТА НА МИЦКОСКИ И НЕГОВИТЕ БЛОКАДИ ДА ЈА ЗАКОЧАТ ДРЖАВАТА

0
575

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во време на најголема економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи ефикасни решенија за граѓаните, Христијан Мицкоски најавува нови блокади.

Наместо како институција за креирање подобри закони во секојдневната борба за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го користат македонското Собрание за блокади.

Ова покажува дека деструктивноста на Мицкоски и неговата политичка инструментализираност како послушик на Никола Груевски нема граници.

Во светската политика се случува обедунување на партиите за помош на граѓаните и стопанството во време на вакви големи кризи, само кај нас ВМРО-ДПМНЕ сее поделби и спроведува блокади.

Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата, беше против воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петитот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светска банка за борба против пандемијата од КОВИД 19.

Мицкоски е целосно и апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните, во паметот му е неговата партиска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда.

Со најавите за уште поголеми блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ, не ја блокира Владата. Мицкоски не му носи штета на СДСМ ниту на Владата.

Со ваквите неджравнички постапки Мицкоски носи штета единствено на граѓаните.

Обврска на СДСМ како одговорна, државотворна партија, заедно со мнозинството кое го предводи е да не дозволиме уцените и личните хирови на Мицкоски да нанесат штета врз државата и народот.

СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но со сите демократски и разумни методи ќе се спротивстави на блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.

СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ.