(ВИДЕО) Заев: Покажавме вистинска грижа за лозарите, во новиот мандат тоа ќе го правиме уште повеќе

0
929

Во реплика на денешната собраниска седница, претседателот на СДСМ и мандатар за нова Влада Зоран Заев, нагласи дека СДСМ во изминатиот период покажа што значи вистинска грижа за лозарите и дека тоа ќе продолжи и во следниот мандат.

– Во 2017 година на 1 јуни ја имав честа на станам претседател на Владата состојбата во Кавадарци, Неговино во Тиквешијата беше следната: 77 милиони денари неисплатени пари од Повардарие и Стефани, 2, 5 милиони неисплатени субвенции од 2014,2015 и 2016 година, рече Заев, додавајќи дека денеска сето тоа сега е исплатено.

Тој додаде дека цената на грозјето беше 11, 12, 10 денари, зависи од која година, а за 2016 немаше ни цена, имаше компензација во препарати, така заврши и мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, пред се преку откупот од Повардарие.

– Овие години цената ја држиме на 15 денари за вранец и 13 денари за смедеревка постојано и при тоа субвенциите од 24.000 за хектар, сега се 40.000 денари. Секој пат кога државата требаше да интервенира, веднаш интервенираше. 2018 година 1 денар од буџетот, 1 денар од визбите, 2019 година 2 денари од визбите, рече Заев.

Заев истакна дека оваа година ќе се интервенира не со 2, туку со 4 денари за повторно да има цена од најмалку 15 денари за вранец и 13 денари за смедеревка.

Во однос на вишокот количини неоткупено вино, Заев истакна дека државата помага со 30% транспортни трошоци во вкупна вредност од 2 милиони евра за извоз на флаширано вино и 20% транспортни трошоци за извоз на наливно вино. Оваа година 2 денари ќе добијат висококласните сорти, како ризлинг и тоа дополнителни 2 денари, за да ги мотивораме лозарите да се движат во тој правец, порача Заев.

– Сето ова покажува вистинска грижа за лозарите и тоа е веќе договорено. Треба да седнеме во Владата и да ги одлучиме работите и дека е тоа искрена политика, буџетот предвиде 5 милиони евра уште во мај кога беше последниот ребаланс, без разлика кој ќе победи на изборите, затоа што знаевме дека ќе има повеќе количини во резервоарите, односно во визбите бидејќи не работеа рестораните дома и во странство, нормално дека не се пласирани сите количини. Сега се предвидени пари за сите тие работи, нагласи Заев.

При тоа оставаме оваа година прв пат дестилатот, како продукт ќе влезе во стоковите резерви, за да можеме дополнително да интервенираме во лозарството, најави Заев.