ДИМИТРИЕВСКИ НА САМИТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИРИ

0
454

На покана на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во изминатите два дена присуствуваше на Самит за демократија на Југоисточна Европа во Бечиќи, Црна Гора, кадешто главни теми за дискусија беа евро-атланскиот консензус и корупцијата во Западен Балкан.

Учество на овој самит зедоа заменик претседателот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) Скот Мастик, регионалниот директор на ИРИ за Европа Пол Мекарти, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, како и политички аналитичари.

Самитот за демократија во Југоисточна Европа е во организација на ИРИ.