(ВИДЕО) Богоев: Финален нокаут за Груевски низ цела Македонија

0
1452

Еден дел од моето детсво го поминав тука, на љуљашките во Капиштец. Чест ми е што во ваше име, во име на младите, токму од ова место можеме да им порачаме на Груевски и фамилијата дека е готово рече во обраќањето Стефан Богоев, претседател на СДММ и кандидат за пратеник на вчерашниот мини митинг во Центар.

-Токму младите беа тие кои изминативе години беа најпогодени од политиките на Груевски. Младите се иселуваат. Вашите ќерки и синови не може да најдат работа. Ние, младите имаме План како да останеме тука.Ние младите, сакаме нашата држава да ни гарантира вработување, образование, пракса. Нашата држава, Република Македонија да ни гарантира пари за сопствен бизнис, сами да бидеме свои газди – за да можеме да останеме во Македонија. Младите во Центар го нокаутираа Груевски, следува финален нокаут низ цела Македонија! -рече Богоев.