МАРИЧИЌ : ВО ИЗВЕШТАЈОТ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ Е НАВЕДЕНА ДПМНЕ КАКО ПАРТИЈА ШТО ЈА БЛОКИРА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО

0
283

Имаме едно ниво на добра подготвеност на државата за продолжување на преговорите, имаме 80% од поглавјата, каде што е утврден некаков напредок, нема ниту едно поглавје, каде што се утврдува назадување, што во другите држави не е случај и имаме околу 90% од поглавјата, каде што се утврдува некакво позитивно ниво на подготвеност, истакна Маричиќ, додавајќи дека тоа не значи дека нема слабости и недостатоци, тоа значи дека се одржува позитивното темпо на реформи, и дека има уште многу да се работи.

Во извештајот се нотирани и оние работи што ние сме ги укажувале како проблем, нагласи Маричиќ и меѓу областите со добар напредок ги издвои, добриот капацитет на државната статистика, слободното движење на капитал, кое е поврзано со планот на ЕУ за раст, надворешната и безбедносната политика, во областа на амбиентот за слободата на медиумите, за работа на граѓанските организации, критичкото известување и прифаќање на предлози на граѓанските организации.

Како ретко до сега во извештајот со име и презиме е наведена ДПМНЕ како партија што ја блокира работата на собранието, и тоа се доведува во врска дека заради таа блокада има недостаток на реформи во делот на донесување на законите на време и планирање на мерките на време. Тоа кажува дека одговрноста не е само кај владата, туку ја има и кај опозицијата и кај прасоудните органи, кои што треба да ги спроведуваат законите. Опозицијата треба да се замисли, дали е вистински момент да се пружи рака и да се покаже дека имаме консесуз за евроинтеградии на дело токму преку собранието и неговата работа, рече Маричиќ.

Тој додаде дека забелешките во сите области треба да се земат сериозно, особено во делот на владеење на правото, каде веќе се работи на надминување, со покана на оценска мисија на ЕУ која што ќе даде препораки за работата на судскиот совет а истото важи за КЗ, отворивме дискусија и подготвени сме со нов КЗ да исправиме се што сметаат од ЕУ и јавноста дека можеби е проблематично.

Опозицијата е клучна да покаже едно ниво на одговорност и со уставните измени и со реформите, ако сакаме да покажеме дека навистина сме за ЕУ, нагласи Маричиќ, додавајќи дека овој извештај заедно со скриниг извештаите ни се водич како да ги направиме тие клучни патокази за да ги исправиме недостатоците, а не да утвруваме чија е вината.

Ако не бидат направени уставните измени, ќе застанеме по утврдување на тие патокази, затоа што за да се продолжи понатаму, преговарачката рамка утврдува обврска да се донесат уставните измени, нагласи Маричиќ и упати апел до опозицијата заедно да се направат уставните измени и потоа фокусот да биде само на реформите и да се види, кој е одговорен и кој може да работи подобро и кој може да испорача подобри резултати