БОЧВАРСКИ : СО МЕДАТ КУРТОВСКИ, МАВРОВО И РОСТУШЕ ДОБИ НОВ ЛИК, ДОСЕГА СЕ ИНВЕСТИРАНИ 32 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

0
634
Со другарот Медат Куртовски, Маврово и Ростуше добива нов лик, преку голем број реализирани проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

После повеќе од 60 години го реконструираме патниот правец до Врбен, инвестиција на централната власт во висина од преку 500 илјади евра.

Попладнево на средба со жителите од населеното место Врбен разговаравме за сработените и активни проекти кои се реализираат и за идните планови на нашиот кандидат кои дополнително ќе го подигнат квалитетот на живот и ќе го зголемат туристичкиот потенцијал на овој регион.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ ја заслужува довербата од народот и на 20 август ќе извојува победа, бидејќи општина Маврово и Ростуше треба да продолжи по патот на развојот и просперитетот.
Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.