ВЕЉАНОВСКИ : ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ ПРОДОЛЖУВА СО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

0
167

Пресконференција на Александар Вељановски, директор на ЈЗУ ,,ПОЛИКЛИНИКА НА СЕКУНДАРНО НИВО ЖЕЛЕЗАРА СКОПЈЕ”

Преку Министерството за здравство успешно ја реализираше набавката на медицински опрема за потребите на корисниците во Поликлиниката „ЖЕЛЕЗАРА“.

Дигиталниот Мамограф и  ЕХО апарат со две сонди  веќе три месеци се во функција и интензивно се употребуваат.

Ехо апаратот за дијагностика се наоѓа во Кабинетот по Интерна медицина.
Дигитален мамограф во поликлиниката немаше од 2019 година, а е од особена важност затоа што раната навремена дијагноза на малигните болести на дојка е исклучително комплексна, а апаратот нуди повеќе предности во однос на аналогната техника и е основна алатка во дијагностиката на ракот на дојка.

Вредноста на набавката изнесува 12.000.000,00 денари, се обезбедени од Владата на РСМ и Министерство за здравство.

Во 2023 година ЈЗУ Поликлиника Железара од сопствени средства набави  медицинска опрема во вредност околу 2.800.000, денари и тоа:

-Назоларингоскоп,
-Ултразвучен коскен Дензитометар, –
-ЕКГ апарат 12 канали, –
-Бинокуларен Биомикроскоп (Слит Лампа ), –
-Сонда нова оргинал за ЕХО-Миндрај, –
-Дијагностички аудиометар.

Во поликлиниката дневно циркулираат меѓу 350 и 400 пациенти и затоа продолжуваме да работиме на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку набавка на нова медицинска опрема за квалитетна дијагностика.
Само со посветеност и големи заложби успеваме да го зачуваме здравјето, да ја следиме состојбата на граѓаните и да превенираме.