За 24 часа издадени потврди на 1.784 мигранти

0
988

Во четвртокот од страна на МВР биле издадени потврди на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–893, Сирија-642 и Ирак-249.

Од почетокот на годината па до 7-ми јануари, издадени се потврди на вкупно 15.808 странски државјани, од кои, 6.585 се од машки пол, 3.296 се од женски, 5.875 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 52 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-6.685, Авганистан-5.806 и Ирак-3.317.

До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од почетокот на годината пак, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 7-ми јануари евидентирани се вкупно 14 баратели на азил од кои седум мажи, три жени и четири деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 11 баратели на азил (еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и шест малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.