ЧЕТИРИНОЖНИТЕ „ВОЈНИЦИ“ НА АРМ НЕУМОРНО РАБОТАТ НА ОТКРИВАЊЕ ПРЕЖИВЕАНИ ВО КАРАМАНМАРАШ

0
914

Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони (црното куче) и Сашо со белгискиот овчар Пикси (кафеното куче) се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи, соопшти АРМ.

Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот.