БРАВО ЗА МЕНАЏИРАЊЕТО НА СОФИЈАНОВА И НЕЈЗИНИОТ ТИМ : Девојче родено со едвај 800 грама спасено на Клиника за детски болести

0
1180

Девојче, родено со одвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега при Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје. Целиот медицински персонал, точно 61 ден се борат за здравјето и животот на едно од најмалите бебиња кои во последните години било хоспитализирано на Клиниката.

Станува збор за бебе од Куманово кое се родило со само 845 грама, во 25 гестациска недела. Сега има нешто повеке од 1 550 грама и се подготвува да се сретне со мама на одделението за Неонатологија. Директорката на Клиниката, проф. Д-р Аспазија Софијанова, вели дека е особено горда на нејзините колеги, кои два месеци бдеат над бебето.