СДСМ Кавадарци: Грозјето скапува, откуп нема! Бараме итна седница на советот на Кавадарци

0
873

Проблемите со откупот на грозјето беа тема на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци. Претседателот на кавадаречките социјалдемократи, Зоран Ѓорѓиев најави дека ќе имало одговорност за сите кои им нанеле штета на земјоделците.

Бараме, советот на општина Кавадарци да свика итна седница за алармантната состојба со откупот на грозјето! Бараме да се формира веднаш кризен штаб што ќе инсистира Владата и надлежните институции да прекина да се оградуваат и директно да се вклучат во решавањето на проблемот.

Грозјето скапува, откуп нема!

Има само неколку поединечни случаи на откуп на грозје. Селекција е недозволива! Доведена е во прашање основната егзистенција на лозарите! Власта е виновна за тоа!

Министерот за земјоделство Цветков и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во владата, целата ситуација ја знаат и досега не презедоа ништо и покрај нашитебројни апели да им се помогне на лозарите.

Дополнителен проблем е тоа што на најголем број лозари не им е исплатен откупот за 2015, па дури и 2014 година. Ова е недозволиво, бидејќи според законот лозарите досега мораше да си ги добијат парите за предаденото грозје за изминатите години.

Ова ќе заврши во декември. По промените државата ќе го гарантира откупот на родот, вклучително и на грозјето, а земјоделците ќе знаат и по која цена 30 дена, пред почетокот на откупот.

Најавуваме дека ќе има и одговорност за сите кои им нанесоа штети на земјоделците со што е доведена во прашање нивната егзистенција.