ПОРТПАРОЛКАТА НА АЛЕКСАНДАР НАВАЛНИ ЈА ПОТВРДИ НЕГОВАТА СМРТ

0
342

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, денеска на социјалната мрежа Икс ја потврди смртта на рускиот опозициски политичар откако вчера беше објавено дека тој починал во затворот во Сибир.Информацијата за неговата смрт, како што пишува Јармиш, е потврдена од мајката на Навални, Људмила, која отпатувала во затворот во Сибир каде што тој ја отслужуваше затворската казна.

Во објавата на социјалните мрежи, портпаролката на Навални пишува оти тој бил убиен.

„Алексеј Навални беше убиен. Според официјалната порака добиена од мајката на Алексеј, неговата смрт настапила на 16 февруари во 14 часот и 17 минути по локално време“,пишува портпаролката на Навални во објавата на социјалната мрежа.Во објавата, таа дополнително пишува дека телото на Навални било однесено во Салехард, градот во близина на затворскиот комплекс, каде што руски истражители спроверуваат истрага. Упати повик телото веднаш да му биде предадено на семејството на рускиот опозиционер.

Алексеј Навални, најистакнатиот руски опозициски политичар, почина на 47-годишна возраст во затворот на крајниот север на Русија на 16 февруари. Веста за неговата смрт вчера преку соопштение ја објави затворската служба, наведувајќи дека Навални починал откако му се слошило по прошетка.