МИСТЕР СЕЛФИ ГИ ДОЗАКОПА НАДЕЖИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НОВИ ИЗБОРИ – Артан Груби : ДУИ и СДСМ наскоро ќе формираат влада!

0
2662

Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во интервју за Алсат М, изјави дека се отворени за  коалиција со СДСМ, само ако партијата ја прифати заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик.

СДСМ и ДУИ, по вчерашната средба на работните групи, продолжуваат со внатрепартиски консултации за конкретизирање на преговарачките позиции. Партиите не кажуваат кога ќе биде следниот состанок. Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во емисијата 200 изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.

-Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.- изјави Груби.