БОЈМАЦАЛИЕВ : НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НАПАД НА ВРАБОТЕН ВО МВР

0
333

Во интервју за Локално.мк, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, запрашан за истрагата во врска со инцидентот пред ноќен клуб во кој вработен во МВР спречил колега во вршење службени дејствија и дали очекува и други пресметки, рече:

„Во однос на истрагата за инцидентот пред ноќен клуб во центарот на Скопје, кога полициски службеници беа спречени да вршат службени дејствија во акција за спречување на недозволена трговија со дрога, од страна на нивни колега, уште еднаш ќе повторам дека ваков настан се случува за првпат во поновата македонска историја. Поранешен висок полициски службеник да спречи колеги да извршат службени дејствија – неприфатливо по сите мерила.

Против лицето е поднесена кривична пријава по член 383 од КЗ, и лицето е суспендирано и понатаму ќе одлучуваат другите органи со каква мерка ќе се соочи тоа лице. Одговорно тврдам дека истрагата која ја водеше внатрешната контрола при МВР и согласно службените белешки кои ги направија луѓето на самиот настан, утврдено е дека уште двајца колеги одбиле да постапуваат по наредба, односно двајца колеги од ЕИП кои не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало колегите. За овие лица е започната дисциплинска постапка. Од страна на загрижени граѓани беше препознаено уште едно лице кое е во друштво на лицето кое веќе има кривична пријава, при што се утврди дека тоа лице е вработено во МВР, дел од ЕБР, за што е известена внатрешна контрола”, рече Бојмацалиев.