СЕЛА : ЦЕНТРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА АЛИЈАНСА НА КОЕ ЌЕ СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ТАРАВАРИ ЗАКАЖАНА ВО САБОТА ВО ТЕТОВО

0
205

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари. Рече дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на ова по вчерашната објава на Фејсбук во која побара поддршка за АА да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.

Села го критикуваше Таравари за самоволие и самостојно носење одлуки за партијата со што го крши статутот. Имаме централно председателство,тука се носат одлуките а не на објавување лични одлуки на социјалните мрежи рече Аека кој е председател на централното председателство и порача дека Таравари требе да биде санкциониран за кршење на партискиот статут. На крај на прес конференцијата Села објави дека седница на председателството за постапките на Таравари ќе се одржи во сабота во седиштето на АА во Тетово.

Села рече дека ставот за самостоен настап на изборите е поддржан од 99 отсто од членовите на Централното собрание на партијата.
Зијадин Села – претседател на Централното собрание на АА „Затоа контрабанда на ставот на Алијанса за Албанците преку статуси на Фејсбук ние не можеме да дозволиме. Ја свикувам седницата на Централното собрание за во сабота на која ќе се одлучи за одговорност на претседателот на партијата како највисок орган кој решава помеѓу два конкреси“,најави Села.

Села го повика Таравари да дојде на собранието и да ја понесе одговорноста за, како што рече, сите нешта што ги направил на грбот на членството.
Потенцираше рече дека на самата прес-конференција се присутни најголем број од партиските функционери, пратениците и претставници на ограноците.
Околу половина час пред јавниот настап на Села, на Фејсбук нов статус напиша актуелниот претседател на АА, Арбен Таравари во кој се вели дека неговата иницијатива за на изборите да се оди со опозициските партии на Албанците добива подршка од мнозинството членови на Централното собрание.

„По објавувањето на вчерашната изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, доброволно се собрани 80 потписи на пратеници од вкупно 133 во Собранието, додека процесот на собирање потписи продолжува. Мнозинството во Собранието на Алијансата за Албанците очигледно е за безбедна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, разумност и единство за конечно ДУИ да биде испратена во опозицијата. Промената доаѓа!“пишува во објавата.