АЈДЕЕЕЕ, КОЛКУ ЛИ ГИ ИМА ОВА НЕПОТИСТИТЕ ВО СДСМ?!?! Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

0
1630

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски, дознава „Макфакс“. Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеца откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска-Јанковски ја потврди информацијата за „Макфакс“ и додава дека Миновска била избрана на јавен конкурс. Во врска со низата вработувања во Централен регистар на семејствата од функционерите, вели дека сè е регуларно и по пат на јавен оглас. Таа ги демантира пишувањата на социјалните мрежи дека во Централниот регистар се вработени 70 лица кои се партиски кадри на СДСМ, ДУИ и НСДП.

Инаку, вчера оставки од работни позиции во Централен регистар поднесоа Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, и Фанија Костадинова, мајка на пратеникот Костадин Костадинов.