„Никола Груевски и неговите медиумски курири се во паника од губењето на власта и процесот за средување на состојбите во медиумскaта сфера.
Груевски е престрашен да не ги изгуби креаторите на виртуелните вести за неговите виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики од кои се иселија 626.312 илјади луѓе. Затоа штанца невистини преку „Курир“ и другите медиумски курири.
Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасното, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.
Но, „Курир“ има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира.
Со денови трае молкот по прашањата што навистина е „Курир“, интерент портал, информативна агенција, агенција-партија?
Самиот „Курир“ најпрво се дефинираше како интернет портал, потоа како информативна агенција, а притоа секојдневно пишува реакции на соопштенијата на СДСМ во името на ВРМО-ДПМНЕ.
„Курир“ воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.
Не се објавуваат дури ниту демантите на невистините и манипулациите што ги пласира „Курир“. Демантите од официјалните државни институции исто така не се пренесуваат.
„Курир“ се уште крие од јавноста кој навистина работи за овој портал/информативна агенција/агенција-партија и не го објавува импресумот.
Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.
Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
СДСМ се бори и цврсто се залага за враќање на слободата во општеството и обезбедување на слободата во медиумите“, се вели во соопштението на СДСМ.