БОМБА НА КОЛЕГИТЕ ОД ИНФОМАКС : ПРИСТИГНА ПОТВРДА ЗА ТАЈНАТА СРЕДБА НА МИЦКОСКИ ВО СЕДИШТЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО СКОПЈЕ – СЕ РАЗГОВАРАЛО И ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ!

0
478

На денешната прес-конференција по повод добивката на грант од 70 милиони евра за изградба на прочистителна станица на реката Вардар свое обраќање имаше и евроамбасадорот, Дејвид Гир.

Дека Мицкоски во јавноста глуми патриот, а пред меѓународните и европски претставници ветува уставни измени доколку добие власт – ова во неколку наврати го посочија претставници на Владата меѓу кои и прмеиерот Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

За сомнежот дека Мицкоски го има продадено Уставот да стане поголем и оправдан придонесува и фотографија објавена на социјалните мрежи каде може да се забележи Христијан Мицкоски пред канцелатиите на ЕУ во Скопје, а на истата фотографија може да се забележи владиниот Мерцедес.

Токму прашањето на Инфомакс кон Гир се однесуваше на фотографијата од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски како влегува во ЕУ Инфо Центарот.

Прашањето беше дали се случила таква средба, за што се разговарало, дали се разговарало за уставните измени и дали Европската Унија е подготвена да даде некакви гаранции за уставните измени како што бара Христијан Мицкоски.

Гир ја потврди средбата и посочи дека има редовни контакти со сите политички чинители кои се залагаат за членство на Македонија во Европската Унија.

-Ние имаме редовни контакти со различни политички партии, партии во Влада, партии во опозиција. Зошто е тоа така? Затоа што влезот во ЕУ е процес за кој мора да има согласност и конзензус во целиот политички спектар. И се разбира имаме добри контакти со сите страни кои се изјасниле како посветени на европската иднина на државата бидејќи реформите ќе зависат од колаборацијата помеѓу сите политички чинители. Не навлагам во деталите за што се разговарало и за што се случувало. Но да бидете сигурни дека во сите наши разговори секогаш напоменуваме она што го сметаме како стратешки интерес на ЕУ и на Македонија дека треба да влезе во Унија што е можно побрзо. Најдобриот начин на кој тоа може да се случи и најдобрата гаранција се реформите и тие реформи мора да бидат брзи и од широк спектар. И тоа е патот кон ЕУ. Убеден сум дека оваа земја може да напредува во реформите и дека патот кон ЕУ е реалистичен, кредибилен и возможен, вели Гир.

Сепак Гир не сакаше директно да одговори дали се разговрало за уставните измени па поради тоа беше директно прашан дали има разговори помеѓу Гир и опозицијата за уставните измени?

На крајот евроамбасадорот Гир потврди дека се разговарало за сите проблеми со сите стејкхолдери.

-Промената на Уставот е суверена работа на оваа држава. Ние разговараме за сите проблеми со сите стејкхолдери, но повторно не можам да кажам што се разговарало на индивидуални средби, со членови или лидери на политички партии. Доволно е да кажам дека сакам да ја видам државата како напредува на патот кон ЕУ, патот е отворен имаме голема шанса и моментумот е тука и треба да ја искористиме. Тоа го чувте и од Борел и од Вархеји во текот на минатата недела.