БИСЛИМОВСКИ : ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ВРАЌА НА СЛОБОДНИОТ ПАЗАР ОПШТИНИТЕ И КОМПАНИИТЕ КОИ ПРЕКУ СЕСТРИНСКИ ФИРМИ КОРИСТЕЛЕ ПОЕФТИНА СТРУЈА ОД РЕГУЛАРНИОТ ПАЗАР

0
475
Општините и големите компании кои преку „шемата“ со формирање на мали и мирко фирми „ќерки“ за потрошена струја плаќаат по цени од регулираниот пазар на електрична енергија најверојатно повеќе нема да можат да ги прават овие злоупотреби бидејќи Владата донела одлука со кои тие од 1 јануари повторно ќе мора да се вратат на регулираниот пазар.

Ова за „Блумберг адриа“ денеска го соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, откако токму РКЕ во март и април, оваа година го откри овој тренд, кој како што вели, првин започнал со општините, а потоа продолжил и кај компаниите.

„Овој тренд на преминување од слободниот на регуилираниот пазар на електрична енергија за жал прво започна со општините во државата и најголем дел од нив за да си ги намалат своите трошоци за јавно освелтување формираа помали фирми кои што ќе се занимаваат со јавното осветлување, а потоа тоа продолжи кај компании во државата. Овој тренд регулаторната комисија за енергетика го забележа во март април 2022 година и за тоа ги информираше соодветните институции.

Поради тоа се преземени и одредени активности и според оние информации кои што ги имам Владата согласно уредбата за кризна состојба во електроенергетскиот сектор веќе донесе одлука со која на сите овие потрошувачи им наложува од први јануари да се вратат на слободниот пазар на електрична енергија“,изјави Бислимоски.
Токму поради ваквата „шема“ на општините и компаниите до 30 јуни годинава бил направен непланиран увоз на електрична енергија од 30 милиони евра. Од 1 јули заклучно до крајот на октомври и почетокот на номеври, вели Бислимоски не е неправен никаков увоз на струја.

„Но овие количини на електрична енергија ЕСМ наместо да ги пласира на регулираниот пазар по цена од 48 евра за мегават час за да ја задоволи потребата на овие општински претпријатија како и на компаниите таа електрична енергија можел да ја продава и на слободниопт пазар по многу повисоки цени. Но добро е што овој тренд ќе престане со тоа што е донесена таа одлука така да секој ќе си биде на делот од пазарот каде што реално припаѓа“,истакна Бислимоски.
Големи фирми, како што објави вчера Телма сè уште се снабдуваат со поефтина електрична енергија, која според законот не им следува, користејќи „шема“ преку отворање на мали фирми „ќерки“ со до 20 вработени и со закупување на нивното броило/

Од Владата и од надлежните институции засега не ги откриваат компаниите кои на овој начин се снабдувале со струја од февруари годинава до сега, ниту дали ќе има санкции за нив.

Имено, на регулираниот пазар на електрична енергија се домаќинствата и малите и микро компаниите, но не плаќаат иста цена. Домаќинствата плаќаат една, а малите и мирко фирмите друга цена, која сепак е помала во однос на онаа од слободниот пазар каде со електрична енергија се снабдуваат големите фирми.

Според информациите на Телма финансиската полиција уште пред неколку месеци била во дел од компаниите кои се впуштиле во оваа шема за набавка на електрична енергија и поседува документација, а оттаму известување испратиле и до скопското обвинителство. Оттаму, ќе почекаат да се констатира колкав финансиски криминал сториле овие компании и дали постои основ за кривично гонење.

Големи фирми преку „шема“ незаконски користат струја од регулираниот пазар, санкции од надлежните сè уште нема Сепак, неизбежно е институциите да ги откријат сите овие фирми за УЈП и МЕПСО да пресметаат колкава финансиска штета е направена на буџетот.

Покрај тоа останува проблемот како да се отстранат овие фирми од регулираниот пазар и дали тоа може да се предизвика дополнителна криза, бидејќи се помалку се фирмите кои тргуваат на слободниот пазар за електрична енергија, а и општините тешко можат да си најдат снабдувач. Освен првичната истрага, пазарниот инспекторат веќе казнил неколку правни субјекти со по неколку илјади евра, наведува телевизијата.