„АЛКАЛОИД“ ДОНИРАШЕ 33.000 ЕВРА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „ЗАГРЕБ“ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

0
1308

КБЦ „Загреб“ е последната во низата здравствени установи кои оваа година добиле донација од „Алкалоид“

„Алкалоид“ донираше 250.000 куни (33.000 евра) на Клиничкиот болнички центар „Загреб“, со цел да помогне во ублажувањето на последиците од неодамнешниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска. Конкретно, донацијата е наменета за Клиниката за женски болести и породувања и за Клиниката за белодробни болести.

Од почетокот на годината, „Алкалоид“ донирал повеќе од 300.000 евра за разни здравствени установи и здруженија, не само во Македонија и Хрватска, туку и во Бугарија, БиХ и Србија.

„Во услови кога сите светски економии се препуштени на самите себе и се борат да ги ублажат последиците на новата економска криза, ретки се компаниите кои можат да ги совладаат овие предизвици и да му помогнат на своето стопанство. Овој период ќе помине и многу бргу ќе им се вратиме на нашите стари добри навики, но со поука дека треба малку да успориме и да цениме мали нешта во животот“, изјави генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

„Алкалоид“ е присутен во Хрватска уште од 1969 година, а филијалата во Загреб вработува 50-ина луѓе.