ПРВО ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ПА ПОТОА ДИСКУСИЈА ЗА КОНЦЕПТОТ НА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, МАРИЧИЌ: ДА ГИ УСВОИМЕ ПРЕПОРАКИТЕ ОД ОБСЕ/ОДИХР СО КОНСЕНЗУС И ДА ОДРЕДИМЕ ПРАГ ЗА ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛЕН МЕТОД ЗА КАНДИДАТИ НА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

0
748

“Конечниот концепт за отворени листи за локалните избори или каков било концепт за бирање на локалните избори ќе мора да го дискутираме откако Собранието ќе ги донесе измените на Изборниот законик” – рече министерот за правда Бојан Маричиќ.

Она што е предложено од работната група на политичките партии се однесува на отворени листи со една преференцијална можност, значи да се гласа и за партијата за која сакате да гласате, но и за еден од листата на советниците предложени од таа партија или од таа коалиција.

“Прагот за еден советник да може да влезе по тој преференцијален метод е 3% од вкупно запишаните гласачи во општината во која се гласа. Ако се работи за општина со вкупно запишани гласачи од 10 илјади гласачи, тогаш ќе треба да се освојат 300 гласа за да може да се смета дека влегле на тој начин” – рече министерот Маричиќ.

“За овој модел, што првпат се прави и го предлагаме, важно е оние што ќе ги прескокнат тие 3% како преференцијален избор на граѓаните, ќе влезат автоматски а доколку една партија освои повеќе советници од само преференцијалните, пример 10 советници, а 3 само од нив освоиле 3% од запишаните гласачи, останатите 7 ќе бидат избрани од редоследот на предложената кандидатска листа на партијата за советници или коалицијата за советници на тие избори” – рече тој.