БРИТАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ПАТУВАЊАТА ВО СТРАНСТВО

0
389

Многу британски пратеници ги користат парламентарните патувања во странство како можност прикриено да ги користат услугите на проститутките и прекумерно да пијат, тврдат пратеници и парламентарни претставници за бриселскиот портал „Политико“.– Поранешен пратеник на конзервативците, сега член на Домот на лордовите, ги прашал домаќините како да стигне до најблискиот бордел кога отпатувал во Југоисточна Азија за да ја посети парламентарната група на сите партии (АППГ) – рече еден парламентарец, пренесува порталот.

Според еден странски дипломат, висок пратеник од Лабуристичката партија покажал наклонетост кон руските девојки за време на патувањето во странство. Тој рече дека локалните власти се чувствуваат немоќни да интервенираат бидејќи се загрижени за зачувување на нивното влијание во Вестминстер.Во рамки на истрагата што е во тек, „Политико“ разговараше со повеќе од 10 владини функционери и пратеници во Велика Британија и во странство, кои ги потврдија наводите за пијано, развратно или сексуално непримерно однесување на некои пратеници и дипломати на ваквите патувања.

Многу пратеници тврдеа дека додека некои колеги имале вистински интерес за односите со земјите во кои патувале, други ги третирале тие патувања како забава.Локалните власти соопштија дека некои пратеници учествувале на забави организирани од дипломатски претставници каде имало машки и женски проститутки.Некои пратеници често бараа од локалните власти да ги покријат трошоците за пиење шампањ и раскошни оброци.