СЦ ,,БОРИС ТРАЈКОВСКИ” ПОДГОТВЕН ЗА УТРЕШНАТА ТРИБИНА, СЕ ОЧЕКУВААТ НАД 10.000 ГРАЃАНИ

0
554
На официјалниот фејсбук профил на партијата и низ социјалните мрежи вечерва се споделуваат фотографии од Спортскиот центар ,,Борис Трајковски” каде утре СДСМ треба да ја одржи завршната трибина од караванот ,,Силно и одлучно кон иднината”.Според информации од владејачката партија се очекува присуство на над 10.000 граѓани, членови и активисти.

Со тоа социјалдемократите праќаат порака дека се сплотени и консолидирани, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ каде меѓусебните кавги и клевети станаа секојдневие особено откако пукна тиквата меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски.