(ФОТО)Илче Велешаначе ќе јаде некоја клоца од шефот: Трет ден илјадници велешани без сендвичи и наредби протестира низ улиците

0
1018

Трет ден протести во Велес. Велешани одлучно и храбро и вечерва го кренаа својот глас против одлуката за аболиција на политичарите и побараа итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател. Протестната поворка и денеска ја почнаа од плоштад Авона и движејќи се по главната улица се упатија кон центарот на градот. Протестот не го завршија на Сармаале како што беше планирано, туку продолжија до зградата каде што се наоѓаат просториите на ВМРО ДПМНЕ. Тука застанаа и скандираа „Апаши вратете ги парите“, „Еве ви го народот“, „Мафија на робија“, „Оставки, оставки“, пренесува „Дума“.

protest-prva14610911511461091076_thumb_medium490_0

„Ние граѓаните и граѓанките кои во борбата за правда и демократија здружени протестираме низ улиците на Македонија нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи и затоа бараме произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламнетарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанско општетсво во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе“, рече Дејан Ристов од граѓанското движење „Протестирам“.

protest-peta146109125714610911511461091076_thumb_medium490_0

Се додека не се усвојат нивните барања, протестите на граѓанската платформа „Протестирам“ ќе се одржуваат секој ден. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат и на улица да го изразат својот револт од актуелната власт во државата.