МИЦКОСКИ ЗА „ФОКУС“ : ЛОГА Е ВО КОМУНИКАЦИЈА СО НАРКО-КЛАНОВИ!

0
398

До нас стигнуваат информации дека е во континуирана комуникација со нарко-кланови во затвор, па им ветува дека со законот ќе им се скрати затворската казна, па мисли дека го информирал и ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски во интервју за „Фокус“.Во интервју за новиот број на неделникот „Фокус“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го обвини министерот за правда Кренар Лога дека е во комуникација со нарко-кланови, на кои, според него, им ветувал дека со Законот за амнестија ќе им ги скрати затворските казни.

-Не е точно дека сме биле информирани, немаме никаква официјална комуникација одамна со ниедна владина институција, вклучително и Министерството за правда, и тоа е резултат на заклучок на седница одржана на Извршниот комитет на партијата. Можеби во занес, министерот (Кренар Лога) мисли дека ако ги информира осудените лица предмет на овој закон, па им ветува таму…

До нас стигнуваат такви информации, тоа треба и вие како новинари да го проверите, дека е во континуирана комуникација со нарко-кланови во затвор, па им ветува дека со законот ќе им се скрати затворската казна, па мисли дека го информирал и ВМРО-ДПМНЕ. Се изгубил во просторот, но тоа е негов проблем.

Нашиот став е принципиелен – овој закон нема да го поддржиме од причини што се однесува на лица осудени за кривични дела како насилство, перење пари, дилање дрога итн. Тоа се големи кривични престапи, а уште повеќе што осудени лица како оние двајца помагачи за грозоморниот злостор кај Смилковско езеро познат како „Монструм“ имаат можност да бидат амнестирани – вели Мицкоски.Во интервјуто, тој говори и за измените на Кривичниот законик, за процесот за промена на Уставот и интеграцијата кон ЕУ, за конфронтацијата со Никола Груевски и критиките од Љубчо Георгиевски…Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.