КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО НЕБРЕГОВО, РОДНОТО МЕСТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

0
548

Во организација на Комисијата за образование на СДСМ од Пелагонискиот регион, во Небрегово, во родната куќа на Блаже Конески беше одбележан Светскиот ден на учителот, 5 Октомври.

Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најважната, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност на младите луѓе, на кои треба да им се пренесат знаења, вештини, мотивација.

Образованието е врвен приоритет на владата предводена од СДСМ, а доказ за тоа е дека учениците и наставниците во 55 училишта ја започнаа новата учебна година со значително подобрени услови за настава.

Почитувани учители и просветители, нека е честит ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ!