ШТИМАЧОТ НА АНКЕТИ ВО КОРИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЛАДИМИР БОЖИНОВСКИ Е СОСЕМА УБЕДЕН: СДСМ ОСТАНА НА ВЛАСТ ПОДОЛГО ОД ОЧЕКУВАНОТО САМО ПОРАДИ КОРОНА КРИЗАТА

0
1730

Омилениот анкетар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Божиновски гостуваше на мини-интервју во вестите на тв Сител. Искажа тешки небулози со цел да му објасни на вмровското гласачко тело зошто Заев и СДСМ се над 4 години во власта.

Неговата теза беше: “Власта на СДСМ беше готова да падне ама се спаси само поради доаѓањето на корона кризата. Во услови на таква криза, граѓаните по автоматизам му ја даваат својата поддршка на оној што е на власт. Но како што СДСМ се покажа како неспособна партија за да набави вакцини и да се справи со пандемијата, така поддршката на народот кон власта драстично опадна. Но сепак не верувам да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен.”

Да потсетиме дека во текот на кризата, се сменија влади во Словачка, Италија, Бугарија е во неизвесност и со нова привремена Влада, Германија е пред промена на власта во септември, во Велика Британија му се гледа крајот и на премиерот Борис Џонсон. Менаџирањето на корона кризата во Македонија се одвива во услови на ограничени материјални ресурси и себичност на поголемите и побогати земји при набавувањето на вакцини на сметка на помалите земји.

Дополнително даде свое гледиште во врска со проблемот со Бугарија: “Треба на сите да ни е јасно дека бугарската позиција кон Македонија нема да се смени без оглед кој ќе дојде таму на власт. Затоа треба нашите политички партии да дојдат до поширок консензус за како да се продолжи понатаму.”