Заев го растури Мицкоски на дуелот на Канал 5, сигурни сме дека им треба време да се соземат, нема смисла да се поти толку и на Алфа

0
1060

Последниот дебакл на извршителот Мицкоски на телевизиски дуел со претседателот Заев уште долго ќе се памети.

Од што беше нервозен и напнат извршителот Мицкоски се потеше за време на целата емисија.

Така запотен, извршителот Мицкоски немаше став за клучните прашања за иднината на државата, не се огради од криминалите на режимот а не смееше да каже еден ниту збор против својот шеф Никола Груевски.

Си го покажа своето вистинско лице на човек кој брани криминал, нема став, извршува наредби од Никола Груевски а државата сака да ја врати назад, во темно минато на режим и изолација.

Бидејќи претседателот Заев го растури извршителот Мицкоски на дуелот на Канал 5, сигурни сме дека им треба подолго време да се соземат.

Нема смисла повторно Мицкоски толку да се поти среде Алфа телевизија.

А тв дуели и соочувања, имало и ќе има.