Влада: Одлуката на Уставен е скандалозна и ја поткопува солидарноста во земјата

0
1123

Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите, судиите и обвинителите ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19, реагираат од Владата по одлуката која ја донесе Уставниот суд на денешната седница.

-Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја. Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19. Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со корона вирусот, се вели во реакцијата на Владата.