АГЕЛЕР : ЌЕ СЛЕДУВААТ И НОВИ ЛИЦА НА ЦРНАТА ЛИСТА, НО ФАКТ Е ДЕКА НАШИТЕ НАПОРИ И НАШИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОПРАВАТ ЕПИДЕМИЈАТА НА КОРУПЦИЈА

0
278

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

– Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

– Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.