Фотографија која го руши интернетот: Колку девојчиња гледате на фотографијата?

0
1159
Иако голем број на луѓе ја пофалија фотографијата, поголемиот дел од нив не го поставија прашањето – колку всушност девојчиња се наоѓаат на неа.

Минатата недела швајцарската фотографка Тицијана Вергари на својот Instagram профил сподели фотографија со интересна задача – треба да преброите колку девојчиња се наоѓаат на неа. Оние коишто имаат “остроумно” око веднаш ќе сфатат во што се состои трикот, но повеќето ќе предложат погрешен број.

Фотографијата настанала во рамките на проектот WHPidentity којшто ги поттикнува луѓето да споделуваат свои фотографии кои ја демонстрираат индивидуалноста. И иако бројните коментатори ја пофалија фотографијата, поголемиот дел од нив не го поставија прашањето – колку всушност девојчиња се наоѓаат на неа.

И додека некои мислат дека се три, а други наведуваат и поголеми бројки, точниот број е – само две. Останатите ликови на девојчиња се само одраз во огледало.