ГРУЈОВИТЕ ПАРАЗИТИ ЗАКОТВЕНИ ПО ДИРЕКТОРСКИ ФОТЕЛЈИ СО ПАРИТЕ НА НАРОДОТ СЕ ГОЈАТ КО ВОЛОВИ : Директорот на македонски шуми, Жарко Караџоски ОФУКАЛ МОРСКА РИБА ШПИГОЛА во охридски елитен ресторан ЗА САМО 5.000 ден!!!

0
2464
Според фискалните сметки кои ги објави порталот Фактор, а се  добиени со Законот за пристап до информации од јавен карактер само на една сметка  за морска риба „Шпигола“ – биле потрошени 5.040 денари, за ракчиња 3.200 денари, за лосос на скара 1.386 денар. Се трошело и на скапи вина, ракија, вода, салати, сирење, пршута, апетисани, сладолед.
230 евра  за пастрмка,околу 60 евра за торта и сладолед -вкупен цех од 650 евра, ова била една од најдебелите сметки за деловен ручек која лани во јуни ја платило јавното претпријатие Македонски шуми во охридски елитен ресторан.
Директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџоски за 24 Вести вели дека нема ништо спорно во трошењето на службени пари за деловни ручеци. Сумата е вели ситна и безначајна за едно претпријатие со 30 подружници, а Јавното претпријатие досега потрошило само 10 отсто од планираниот буџет и одоберените средства за оваа намена.
За дел од сметките потрошени за деловни ручеци секторот финансии во претпријатието побарал проверка кој, зошто направил толкава сметка, и истата забелешка ја напишале на самата фактура.
Инаку ЈП Македонски шуми е високо на листата должници на државата со над 3 милиони евра за неплатени даноци. Првиот човек на Македонски шуми уверува дека заостанатиот долг ќе се враќа на рати преку репрограмирање за што се чека на решението од УЈП со кое долгот ќе се враќа на рати за период од три години, а фирмата  ќе се тргне од листата на должници.