РАСЧИСТЕНИ ШЕСТ КРАЖБИ ВО ПРИЛЕП, ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА

0
517

Приведени две лица од Прилеп, осомничени за тешки кражби во возила.

„На 04.12.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети“ соопшти МВР.

Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.